Општество

По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид

ТАВ Македонијаподружница на ТАВ Аеродромичленка на АДП групацијата, денеска ја реализираше својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и во Охрид, каде што вработените од охридскиот аеродром предводени од Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков заеднички засадија 20 црвени сливи во центарот на градот во должина на булеварот „Македонски просветители“ и улицата „Партизанска“.

Зелените акции за садење дрвја претставуваат траен и одговорен придонес кон создавање поздрава и поодржлива средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми - Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Горд сум што втора година по ред ја спроведуваме нашата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“. Минатата година засадивме чинари покрај брегот на Охридското езеро, а денеска засадивме декоративни сливи кои ќе го разубавуваат центарот на градот. Нашата стратешка цел кон одржливост се совпаѓа со активностите на Општина Охрид за заштита на животната средина. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени кои волонтираа и ни се придружија, како и на градоначалникот на Охрид и вработените во Општината, со кои заеднички го дадовме нашиот придонес со секое засадено дрво. Ја делиме истата грижа за иднината. Со оваа акција, покажуваме дека малите чекори водат до големи промени - кон позелени заедници, почист воздух и подобар живот за сите, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Преку реализираните зелени иницијативи во Скопје и Охрид, кои се спроведуваат втора година по ред, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон заедниците и животната средина, акција која станува традиција и преку која ќе продолжи да ја поддржува грижата за природата и проектите што создаваат трајни, позитивни промени во општеството.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано