Финансии / Банкарство

Кои беа најтргуваните акции на Македонската берза во ноември 2025г.?

Месечен извештај

Минатата месец, ноевмри 2025г, на Македонската берза на хартии од вредност на вкупно на официјалниот пазар (акции и обрврзници) и на редовниот пазар, беше остварен вкупен промет од 386 милиони денари или околу 6,27 милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 1434 трансакции преку кои се истргуваа вкупно 43 635 акции и 20 120 обврзници.


Најтргувани според прометот беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 126,9 милиони денари или околу 2 милиони илјади евра (32,8 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Макпетрол Скопје со вкупен промет од 92,1 милиони денари или околу 1,49 милиони евра (23,8 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со 87,5 милиони денари или околу 1,42 милиони евра (22,6 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатиот месец беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 27,8 милиони денари или околу 452,8 илјади евра и акциите на Гранит Скопје со промет од 12,4 милиони денари или 201,9 илјади евра.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано