Финансии / Банкарство

ХРВАТСКА ГО ЗГОЛЕМИ ЈАВНИОТ ДОЛГ

Jавниот долг на Република Хрватска на крајот на август изнесуваше 51,1 милијарда евра, што е за 1,9 милијарди или 3,8% повеќе отколку на крајот на 2024 година. Во споредба со август 2024 година, јавниот долг е за 1,3 милијарди евра или 2,6% повисок.

Растот на долгот на општата влада на годишна основа во набљудуваниот период во голема мера се должи на растот на задолжувањето на централната влада. Во август, долгот на локалната самоуправа исто така забележа раст седми месец по ред, забрзувајќи се на 12,3% на годишно ниво (во споредба со 11,7% во јули и 10,9% во јуни), додека фондовите за социјално осигурување продолжуваат да бележат негативни годишни промени (-18,2% во август). Централната влада, со вкупен долг од 50,1 милијарда евра, учествува со повеќе од 98% во вкупниот јавен долг.

Податоците за структурата на долгот на општата влада по главни инструменти на долгот и рокот на достасување се достапни само за неконсолидираниот долг на општата влада, во структурата на долгот доминираат долгорочните инструменти на долгот (обврзници), кои учествуваат со околу 65%. Потоа следуваат кредитите и депозитите, и конечно краткорочните хартии од вредност.

Според достапните податоци, на крајот од првата половина од годината, долгот на општата влада изнесувал 57,5% од БДП. Во споредба со крајот на минатата година, речиси и да немало промена (+0,1 пб), додека во споредба со истиот период во 2024 година, учеството на долгот во БДП се намалило за 1,8 процентни поени. Иако долгот расте во апсолутна смисла, намалувањето на овој индикатор за релативен долг е резултат на континуираниот силен раст на номиналниот БДП, клучниот именител во равенката на индикаторите за јавни финансии, кој сè уште е силно под влијание на зголемувањето на цените и следствено на тоа релативно висок дефлатор, пренесува Сеебиз.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано