Општество

ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од струмичко Дабиља ќе одбележи 160 години настава на македонски народен јазик

Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од струмичко Дабиља денеска со свечена академија ќе одбележи 160 години од формирање на првото училиште, во 1865 година, со настава на македонски народен јазик.

На академијата во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, под покровителство на струмичкиот градоначалник  Петар Јанков, ќе се обратат фолклористот Иван Котев и Сузана Мицева - со слово за патроните на училиштето, светите Кирил и Методиј.

 Во културно-уметничката програма ќе учествуваат ученици кои ќе читаат нивни творби и на изложба ќе претстават цртежи со мотиви од училиштето, а музички настап ќе имаат и учениците од училишниот хор.

Ќе учествуваат и поетот Георги Барбаровски и музичките уметници Васил Атанасов - обоа, Катерина Гелебешева-Костадиновска - пијано и Влатко Митев - фолклорен тапан. 


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано