Бизнис

Од Скопје до Холандија и САД: Приказната на Снежана Зивчевска-Сталперс за храброст и визија

Животната приказна на Снежана Зивчевска-Сталперс започнува во Скопје, каде што по дипломирањето на Електротехничкиот факултет ја донесува најважната одлука во тој период – да замине во Холандија. „Распадот на поранешна Југославија ги сруши сите мои амбиции поврзани со спортот и професијата. Во Македонија тогаш немаше услови за раст,“ вели таа, во интервју за печатеното издание на бизнис магазинот Економија и бизнис

Во Холандија поминува повеќе од две децении градејќи врвна професионална кариера во компании како IBM и NTT Data, работејќи на дигитална трансформација, иновации и примената на вештачката интелигенција. Нејзиниот ангажман е препознаен и со повеќе награди, меѓу кои и „Inspiring Fifty Netherlands“ и Deloitte Bold Leader Award.

Зивчевска-Сталперс е и основач на организацијата „Women in Tech Netherlands“, посветена на создавање еднакви можности и менторство за жените во технологијата. „Ако мојата работа инспирира млади жени да веруваат дека и тие можат да бидат дел од технолошката иднина, тоа е најголемото признание,“ додава таа.


Целото интервју прочитајте го ТУКА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано