Општество

Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН, соопшти Министерството за здравство.

-Заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади активно и Министерството за образование и наукa работиме на воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Првите години од животот се клучни за развојот на секое дете. Здравствениот систем мора да ја препознае секоја рана потешкотија во развојот, затоа се обучуваат тимови во јавните здравствени установи во Скопје кои веќе обезбедуваат семејно-ориентирани услуги. Паралелно, Министерството работи на развивање универзален систем на скрининг за сите деца до шестгодишна возраст, со што секое дете ќе има пристап до рана процена, без разлика каде живее, истакнал министерот Алиу на настанот.

Министерството за здравство, заедно со Министерството за социјална политика и со поддршка на Светска банка работи на отпочнување заеднички пилот-проект за воспоставување сеопфатен систем за проценка на лицата со попреченост, прв чекор кон создавање единствен регистар и унапредување на законската рамка за проценка и обезбедување на правото на надоместокот за помош и нега од друго лице. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано