Финансии / Банкарство
Месечно зголемување каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, соопштија од Народна банка
28.11.2025
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,13 п.п., при што во октомври таа изнесува 2,20%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 п.п. и изнесува 4,82%, соопштија од Народна банка
Во октомври 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,82% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,03 п.п. и 0,56 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,20%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е повисока за 0,13 п.п. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во октомври, забележа месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 4,49%, додека на годишна основа е намалена за 0,32 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34% и е повисока за 0,11 п.п. на месечно ниво, во услови на остварен годишен пад од 0,50 п.п.
Во октомври, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 4,43%. Месечната промена произлегува од намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). Во споредба со октомври минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,66 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во октомври, се зголеми за 0,01 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,37%. Притоа, растот произлегува од зголемените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,15 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,17 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари намалување од 0,28 п.п.
Во октомври, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,21% и е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,45 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во октомври, оствари месечно зголемување од 0,05 п.п. и изнесува 4,66%. Растот е резултат на повисоките каматни стапки на кредитите во странска валута и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула забележаа намалување (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е намалена за 0,51 п.п.
Во октомври, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета на месечна основа и изнесува 2,14%. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п. – Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 изнесува 2,36% и бележи месечно намалување од 0,09 п.п. Промената во целост произлегува од пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,13 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,23 п.п.). Во октомври, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата оствари годишен пад од 0,53 п.п, се наведува во соопштението на Народна банка.