Финансии / Банкарство
МИРОВНИОТ ПЛАН НА ТРАМП ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА И АКЦИИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ
21.11.2025
Цените на нафтата и акциите на енергетските компании денеска забележаа пад. Според аналитичарите, намалувањето на цените се поврзуваат со објавувањето на деталите за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина.
Според податоците на берзата во 13:00 часот, цената на суровата нафта падна за 2,08 проценти на 57,778 долари за барел, а нафтата од типот Брент падна за 1,69 проценти на 62,317 долари.
Акциите на „Шел“ и „БП“ паднаа за околу 1,6 проценти, а „Сименс Енерџи“ за повеќе од осум проценти. Американските „Ексон Мобајл“ и „Шеврон“ исто така забележаа помал пад, објавува CNBC.
Војната во Украина досега ги зголеми глобалните цени на нафтата, бидејќи пазарите сметаат на ризикот од прекин на снабдувањето со енергија од Русија.
Понискиот геополитички ризик значи дека пазарите очекуваат постабилно снабдување со нафта, што врши притисок врз цените надолу.
Мировниот план на Трамп, исто така, предвидува лоши вести за европските производители на оружје, како што е германскиот „Рајнметал“, чии акции денес паднаа за 5,1 процент, пренесува РТВ.
Фото Економија и бизнис