Финансии / Банкарство

Tретина од граѓаните на Штип немаат платено данок на имот

Една третина од граѓаните на Општина Штип  го немаат подмирано данокот на имотот. Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели дека вкупно 6.800 решенија за данок на имот не се наплатени, согласно предвидениот законски рок до 15 номеври 2025 година.

Тој потенцира дека за истите се изготвуваат опомени за наплата и ако навремно не ги подмират своите обврски за данок на имот ќе се пристапи кон присилна наплата.

- Од издадените за 2025 година, 18.500 решенија до сега се наплатени две третини и остануваат за наплата уште 6.800 решенија. За истите ќе бидат изготвени опомени за наплата и оние кои нема да платат потоа следува и решенија за присилна наплата. Оние кои ќе си ги подмират обврските ќе немаат таков проблем, изјави Каров.

Тој додава дека за граѓаните, кои не платиле до 15 ноември ќе се пресметува камата, а потоа ќе се оди кон присилна наплата. Согласно Законот за даноци, пред пристапувањето кон присилна наплата општинската администрација му доставува писмена опомена на даночниот обврзник за да ги плати даночниот долг, паричните казни и каматата во рок од осум дена од денот на доставувањето на опомената на последната адреса што ја пријавил кај нив.

Каров вели дека  изминатите години расте дисциплината кај даночните обврзници за навремено плаќање на данокот на имот. 


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО