Општество
Отворен повикот за Литературни награда 2026 на Европската банка за обнова и развој
18.11.2025г
- Годишната литературна награда на Европската банка за обнова и развој е отворена за прифаќање на нови дела
- Наградата се доделува за литературно дело преведена за прв пат, а право на учество имаат автори од сите земји каде Европската банка за обнова и развој има резидентни канцеларии.
- Ново-именуваното жири за 2026 година вклучи и албански академик и автор Леа Јои и нигериски автор Чигози Обиома.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја објави годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година.
Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена за прв пат во измината година.
Доставувањето на романи, или збирка на кратки раскази од еден автор, е до 8 Декември 2025 година, и ќе се разгледува од независно жири на судии.
Др Маја Јаги повторно ќе биде претседател на жирито на судии, а ова ќе биде нејзиниот трет и последен мандат. Во жирито ќе има и нови судии за 2026 година. Албанскиот академик и професор Леа Јпи, нигерискиот писател и професор Чигозие Обиома , како и писателот Др Марек Кохн.
Победникот ќе биде прогласен на церемонијата за доделување на награди во дирекцијата на Банката во Лондон, на 2 јули 2026 година.
Авторот на делото кое ќе победи, ќе добие 20.000 евра, кои ќе бодат еднакво поделени помеѓу авторот и преведувачот.
Автори на дела од Бенин, Брегот на Слоновата коска, Ирак, Кенија, Нигерија и Сенегал, за прв пат ќе можат да учествуваат на конкурсот, бидејќи истите станаа членки на ЕБОР во изминатава година.
Преводот е клучен елемент на наградата, и со зголемување на бројот на земји учеснички, литературата ќе биде достапна од уште поголем број на јазици преку нивниот преводот на англиски јазик.
Маја Јаги е наградувана писателка, критичар, уметнички директор и новинарка кој пишува во културните рубрики. Таа е и уметнички критичар за Фајненшал Тајмс, а нејзините критики се објавуваат неделно и во Гардијан, каде е профилен автор и водечки критичар за белетристика, повеќе од една деценија. Таа има направено интевјуа со стотина автори од пет континенти-вклучувјќи ги и петнаесетте лауреати на Нобелови награди за литература во изминатите години. Др Јаги е избран за Член на Кралското друштво за литература во 2023 година.
Леа Јпи е Професор по политички науки во Лондонската школа за економија и политички науки од Лондон, и Член на Британската Академија. Ја има добиено наградата на Британската академија за извонредност во политички науки и Луверхулм наградата за вонредни достигнувања во истражувањето, за нејзината академска работа. Нејзините филозофски мемоари се наградувани, а нејзиното дело Слободна, е преведена на повеќе од 35 јазици. Нејзината најнова книга Навреда, беше објавена во Септември 2025 година.
Чигозие Обиома е роден во Акуре, Нигерија. Неговиот последен роман, Патот кон земјата (2024), беше рангиран во најдобрите книги на годината, според списанието Економист. Неговите први романи Рибарот и Оркестар на малцинства, беа во најтесен избор за Наградат Букер и до сега се преведени на 30 јазици. Тој е Професор за креативно пишување и англиски јазик на Универзитетот во Грузија - Хелен С. Ланиер, и програмски директор на Оксбели писатели на белетристика иницијативата.
Марек Кохн е писател кој не работи белетристика, и ги истражува влијанијата за научното размислување за идеи за човечката природа и општеството. Неговото Британско-полско потекло се обработува во делата Четири збора за пријателот: Наградата за користење на повеќе од еден јазик во поделениот свет и Приказни за старите градови: Патување низ градовите во срцето на Европа. Второто дело е номинирано во потесниот избор на наградата 2026 Лаура Шанон за Современи европски студии.
Литературната награда на ЕБОР, ги поддржува литературните богатства на различните региони каде Банката има активности, и се протегаат на три континенти. Наградата ја истакнува и улогата на преведувачите, кои се ,,мостови“ помеѓу културите. Откако беше првично доделена во 2018 година, наградата и помогна на публиката од англиското говорно подрачје, да го прошират обем на достапни литературни дека, од земји како Албанија, Хрватска, Чешка, Грузија, Грција, Унгарија, Латвија, Либан, Литванија, Мароко, Полска, Словачка, Туркие, Украина и Узбекистан.
Критериумите за учество на овој конкурс за Литературна награда на ЕБОР може да се прочитаа на овој линк (кликнете тука).
ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и предприемачката иницијатива во 42 економии на три континенти. Банката е во сопственост на 77 земји, како и Европската Унија и Европската инвестициона банка. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите на земјите во регионите да бидат поконкурентни, добро управувани, зелени, инклузивни, отпорни и интегрирани. Следете нė на нашата веб страна, Фејсбук, ЛинкдИн, Инстаграм, X и ЈуТјуб.