Финансии / Банкарство

ПАЃААТ ГЛОБАЛНИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ И ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА И НА ЗЛАТОТО

Глобалните берзански индекси, вклучувајќи ги и европските, денес се во пад по осцилациите на технолошките акции и загриженоста за потенцијално преценување на компаниите за вештачка интелигенција.

Инвеститорите се сè повеќе скептични во врска со големите капитални расходи на технолошките компании и не се сигурни дека развојот на вештачката интелигенција ќе донесе високи приноси што ги ветуваат компаниите, објавува CNBC.

Оваа недела ќе бидат објавени брзи податоци за PMI за Еврозоната, Германија, Франција и Велика Британија, како и податоци за инфлацијата и економскиот раст.

Се очекува и низа податоци од Соединетите Американски Држави по одложувањата поврзани со затворањето на федералната влада, а извештајот за работни места во септември треба да биде објавен во четврток.

Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 1,33 проценти на 23.290,68 поени, францускиот CAC 40 за 1,45 проценти на 7.998,86 поени, британскиот FTSE 100 за 0,97 проценти на 9.583,10 поени, додека московскиот MOEX порасна за 1,7 проценти на 2.553,19 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 1,18 проценти на 46.590,24 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,92 проценти на 6.672,41 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,84 проценти на 22.708,08 поени.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 59.383 долари, а цената на нафтата Брент на 63.687 долари.

Цената на златото падна на 4.022,62 долари за унца, а цената на пченицата на 5,4363 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг), пренесува Еуроњуз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано