Финансии / Банкарство

Доброволните осигурувања растат – приватното здравствено води со двоцифрен ритам

Доброволните осигурувања стануваат мотор на растот на пазарот, а најсилен придонес има приватното здравствено осигурување, кое веќе достигнува околу 12 % од вкупната премија. „Луѓето сè повеќе го препознаваат приватното здравствено како начин за побрза и поквалитетна услуга,“ вели Ило Ристовски, во интервју за печатеното издание на бизнис магазино Економија и бизнис

Од другите сегменти, имотното осигурување учествува со 25 %, а незгодата со 6,5 %, со стабилен раст и позитивни трендови. Ристовски очекува пазарен раст од околу 10 % во 2026 година, при што банкоосигурувањето останува силен двигател – со 68 % учество во неживотното осигурување кај Халк. Компанијата најавува нови дигитални решенија, зајакната интеграција со партнери и продолжување на иницијативите за подигнување на осигурителната култура во земјата.



Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано