Lifestyle
КУЌА, ЗЕМЈИШТЕ И ПО 500 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА НАСЕЛУВАЊЕ НА ГРЧКИ ОСТРОВ!
18.11.2025
Со цел да се зачуваат последните жители и за да се оживее заедницата која речиси исчезнува, локалните власти започнаа програма со исклучително поволни услови за идните жители на грчкиот остров Антикитера.
Семејствата кои ќе одлучат да се преселат во Антикитера добиваат месечна поддршка од 500 евра во период од три години, со обезбедена куќа и земјиште, што го прави нивниот нов почеток речиси бесплатен. Целта е да се привлечат луѓе подготвени за помирен, побавен ритам на живот, далеку од масовниот туризам.
Антикитера е изолиран остров со диви плажи, стрмни брегови и многу скромна туристичка понуда. На островот има само едно кафуле, кое функционира и како продавница или мал хотел доколку е потребно. Токму оваа едноставност и оддалеченост од зафатениот секојдневен живот ги привлекува оние кои сакаат автентичен живот во мала заедница каде што сите се познаваат.
Антикитера не е единствена по својата понуда. Италија со години нуди разни стимулации, од куќи за едно евро во Самбука, Сицилија, до субвенции за преселба во оддалечени села во Пуља. Во Шпанија и Каталонија, некои општини воведуваат финансиска помош за задржување на населението и зачувување на училиштата и основните услуги, пренесува Курир.
Фото Економија и бизнис