Финансии / Банкарство
Ристовски: Халк Осигурување со 26% раст на полисираната премија и рекордна добивка во 2025
18.11.2025г
Халк Осигурување ја заокружува 2025 со силни резултати – добивка од 8,5 милиони денари и раст на полисираната премија од 26 %, значително над пазарниот раст од 13,6 %. Компанијата полисирала 887 милиони денари, со најголем придонес од сегментот на доброволни осигурувања. „Наш приоритет е брза и професионална обработка на штетите, а исплатите истиот ден станаа наш стандард,” изјави извршниот директор Ило Ристовски, во интервју за печатеното издание на бизнис магазино Економија и бизнис
Пазарното учество на компанијата достигна 7,7 %, а целта до крајот на годината е 8 %. Ристовски истакна дека стабилната капитална позиција, дигиталните решенија и силната соработка со Халк Банка се клуч за растот. Компанијата планира понатамошна дигитализација, мобилна апликација и развој на нови онлајн услуги.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ