Финансии / Банкарство

Кои акции го зголемија прометот на Македонската берза минатата недела?

Неделен извештај за периодот 10.11.2025 – 14.11.2025г.

Минатата недела, во периодот од 10.11.2025 – 14.11.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност (официјален + редовен пазар) беше остварен вкупен промет од 132,6 милиони денари или околу 2,15 милиони евра, што претставува зголемување од околу 34,6 % во однос на претходната недела. Споредено пак со последната недела од октомври ова е зголемување за скоро 70 %.

Најтргувани беа акциите на Макпетрол. Со нивното тргување беше остварен промет од 55,5 милиони денари или околу 903,4 илјади евра (41,8 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Комерцијална банка Скопје со вкупен промет од 36,2 милиони денари или околу 589,4 илјади евра (27,3 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со 29,2 милиони денари или околу 475,3 илјади евра (22 % од вкупниот промет).

Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 4,3 милиони денари или околу 71 илјади евра и акциите на Реплек Скопје со промет од 1,9 милиони денари или околу 31,2 илјади евра.

Исто така, миантава недела беше реализирана по една блок трансакција во износ од 12,5 милиони денари со акциите на Комерцијална банка Скопје и 5,9 милиони денари со акциите на ВВ Тиквеш. При тоа се истргуваа 450 и 402 акции соодветно. Истовремено преку седум блок трансакции со акции на Макпетрол се истргуваа вкупно 527 акции за 61,1 милиони денари.

Прометот на официјалниот пазар беше остварен со 401 трансакции со кои се истргуваа вкупно 6 977 акции и 4 328 обврзници.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано