Бизнис

ПАТУВАЊЕ СО УНГАРСКИ БРЗ ВОЗ БЕЛГРАД-ВИЕНА ЗА ШЕСТ ЧАСА

Унгарските железници (MAV) објавија дека во текот на следната година, покрај поврзувањето на Белград и Будимпешта со брза железница, ќе се овозможи и поврзување на главниот град на Србија со Виена.

Патувањето со воз помеѓу Белград и Виена би траело малку повеќе од шест часа, што е околу три часа помалку од патувањето со автобус.

На почетокот на октомври, патничките возови почнаа редовно да сообраќаат на новата брза линија помеѓу Белград и Суботица.

На споменатата рута се организирани патнички возови „Интер Сити“ (SOKO) и „Интер Реџио“, кои сообраќаат со брзина од 200 километри на час.

Брзата железница Нови Сад - Суботица беше официјално отворена на 3 октомври во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а отворањето на брзата железница од Будимпешта до границата со Србија беше најавено за почетокот на март. Изградбата на оваа делница започна во ноември 2021 година, а железницата е долга околу 108,1 километар, пренесува Б92.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано