Финансии / Банкарство

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза минатата недела

Неделен извештај за периодот 03.11.2025 до 07.11.2025г.

Минатата недела, во периодот од 03.11.2025 – 07.11.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност вкупно на сите пазари (официјален и редовен пазар) беше остварен вкупен промет од 98,4 милиони денари или околу 1,6 милиони евра. Во однос на неделата пред оваа, ова е зголемување за 25,9 %. Најголем промет од 32,8 милиони денари или 534,3 илјади евра беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка Скопје (33,3 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции беа акциите на Алкалоид Скопје со 23,1 милиони денари или околу 375,8 илјади евра (23,7 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 12,2 милиони денари или околу 198,5 илјади евра (12,3 % од вкупниот промет). Првата петорка за изминатава недела се заокружува со акциите на Гранит Скопје со 9,2 милиони денари или околу 150,5 илјади евра и со акциите на Макпетрол со промет од 6,8 милиони денари или 111,7 илјади евра.

Истовремено со акции на Макпетрол беа реализирани и пет блок трансакции со кои се оствари промет од 44,4 милиони денари или околу 722,4 милиони евра, (се истргуваа вкупно 386 акции по цена од 116 000 денари за една акција)

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 410 трансакции со кои се истргуваа вкупно 13 607 акции и 5 962 обврзници.

Во однос на цената зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на ОКТА Скопје од 1,8 %, Макпетрол Скопје 0,86 % и на Гранит Скопје од 0,59 %.

Намалување пак на вредноста изминатата недела бележиме кај акциите на Стопанска банка Скопје, Алкалоид Скопје и Македонски Телеком Скопје. Цената на нивните акции се намали за 1,54 %, 0,77 % и 0,22 %, соодветно.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано