Финансии / Банкарство

Каква е користа на Словенија од издавање на „самурајска“ обврзница?

По првото издавање на обврзница во јени, Словенија по една година повторно се задолжи на јапонскиот пазар.  Словенечката влада издаде нова т.н. самурајски обврзници во вредност од 31 милијарда јени (околу 175 милиони евра), наменети исклучиво за финансирање на социјални проекти. Побарувачката на инвеститорите значително го надмина целниот износ, објави Министерството за финансии.

Новоиздадената обврзница е со рок од три години и имаат каматна стапка од 1,24 проценти, што е значително пониско од моментално потребниот принос на словенечките еврообврзници, кој изнесува 2,02 проценти.

Собраните средства ќе се користат исклучиво за финансирање или рефинансирање на трошоци што спаѓаат во категориите на прифатливи социјални проекти.

„Со издавање на тригодишна обврзница со фиксна каматна стапка, станавме првата земја во Централна и Источна Европа што издаде самурајска обврзница оваа година. По многу успешното прво издавање на социјалната самурајска обврзница минатата година, дополнително го зајакнавме нашето присуство на јапонскиот пазар“, соопштија од Министерството за финансии.

Интересот на инвеститорите и позитивниот одговор на книгата на нарачки го одразуваат силниот кредитен профил на Словенија. Вкупната побарувачка достигна речиси 50 милијарди јени, а конечната големина на емисијата беше поставена на 31 милијарда јени, што е горната граница на целниот износ на емисијата, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано