Финансии / Банкарство

Американските акции „паѓаат“ поради загубите на компаниите од областа на ВИ

Вредноста на американските акции на вчерашното тргување беа претежно во пад, првенствено поради губењето на пазарната вредност на компаниите од областа на вештачката интелигенција поради неизвесноста кога станува збор за проценките за иднината.

Така, берзанскиот индекс Dow Jones падна за 455 поени, или 1,0 проценти, S&P 500 за 1,1 процент, а Nasdaq за 1,8 проценти, објави CNBC.

Акциите за вештачка интелигенција останаа во фокусот на Волстрит, при што повеќето од нив паднаа. Компанијата Advanced Micro Devices изгуби седум проценти од својата пазарна вредност, Palantir Technologies четири проценти, а Oracle три проценти.

Пад на вредноста на акциите имаше и кај производителот на чипови Nvidia и технолошката компанија Meta Platform.

Спротивно на тоа, Marvell Technology беше победник на денот, со раст од речиси еден процент, по извештаите дека Softbank размислува за потенцијално преземање на производителот на чипови, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано