Финансии / Банкарство

ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ ВО СЕПТЕМВРИ ТРГУВАЛЕ СО НАЈМНОГУ ЗЛАТО, кои земји ги зголемија златните резерви?

Централните банки  во светот во септември купија околу 39 тони злато, најмногу од почетокот на годината, покажаа податоците од здружението на рударските компании WGC. Во септември годинава централните банки ги зголемија купувањата на месечна основа за 79 проценти.

Најактивен купувач во септември беше бразилската централна банка, која ги зголеми државните резерви за дури 15 тони злато. Следува Централната банка на Казахстан следи со купување  осум тони, а на третото место е централната банка на Гватемала со шест тони.

Руската централна банка купи три тони злато во септември. Русија во август, продаде иста количина и беше единствената, , што ги намали резервите на злато, според податоците на WCG.

Чешка купи два тони од овој скапоцен метал, исто како и во август. Централната банка ги надополнува резервите повеќе од две и пол години. Во септември чешките златни резерви се зголемија на 67 тони, а централната банка планира да поседува на залиха 100 тони  до 2028 година.

Во септември само Централна банка на Узбекистан продаде четири тони злато, пренесува Пословни дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано