Бизнис

Србија има потреба од 100.000 работници од странство

Агенциите за вработување стануваат  попопуларен бизнис во Србија. Поради недостатокот на работна сила, голем број работодавачи во Србија се одлучуваат за странски работници. Начинот на кој тие доаѓаат во Србија, кој најчесто е преку агенции за вработување, понекогаш е познат по тоа што е проследен со проблеми, од несоодветни услови за странските работници  работно искористување.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ неодамна изјави дека оваа година се побарани дури 100.000 работни дозволи.

Вработувањето странски работници им овозможува на работодавачите дополнителна флексибилност во пронаоѓањето соодветна работна сила, што е значаен фактор со оглед на тоа што Србија се соочува со недостиг на работници во одредени области.

Најголемиот број странски работници во Србија се вработени на позиции за кои не се потребни премногу технолошки познавања. Најчесто странските работници се вработуваат во градежништвото, земјоделството и угостителството, но дека некои работат и на попрофесионални позиции.

Голем фактор за недостатокот на работна сила е фактот дека во Србија минатата година 49 проценти од младите имале намера да се иселат од земјата, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано