Бизнис
НАД 3.700 МЛАДИ ЛУЃЕ ВО СРБИЈА КУПИЛЕ ПРВ СТАН СО УЧЕСТВО ОД ЕДЕН ОТСТО!
01.11.2025
Во Србија 3.755 млади луѓе го купиле својот прв стан, во рамките на програмата за субвенционирана камата за кредити за станови за млади луѓе, а 1.100 од нив веќе или ги завршиле преговорите за договорот или се во процес на тоа.
Учеството за овој вид кредити е 1,0 отсто, а просекот на отворените кредити е 80.000 евра, така што учеството е 800 евра.
За оваа кредитна шема за гаранција се издвоени 400 милиони евра. Дополнително ќе се донесе нова одлука за проширување на шемата за гаранција за уште 200 милиони евра, така што ќе има средства за покривање на сите побарувања и во следната година.
Околи 20 проценти од луѓето кои веќе добиле кредити се или невработени или вработени одреден временски период.
Најважното и најголемо олеснување што го нуди оваа програма е учеството од само еден процент, за разлика од стандардните 20 проценти што ги бараат банките за да одобрат кредит.
Друго олеснување е субвенционирана фиксна каматна стапка за првите шест години. Клиентот плаќа фиксна камата од два проценти, а државата додава уште 1,5 проценти на банката. По шестата година, отплатата продолжува со променлива каматна стапка што се состои од шестмесечен Еурибор (моментално 2,35 проценти) и фиксна маргина од два проценти.
Една од главните промотивни предности на овие кредити е што младите луѓе кои немаат работа можат да ги добијат, но со обезбедена гаранција, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис