Lifestyle
Сојузот на филателистите на Македонија ќе одбележи 75 години со промоција на поштенска марка
31.10.2025
Сојузот на филателистите на Македонија денеска ќе ја одбележи 75-годишнината од своето основање со промоција на поштенска марка издадена по повод јубилејот.
Промоцијата ќе се одржи во седиштето на Сојузот на филателистите во Скопје каде што пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Сојузот, Синиша Павлески, и генералниот директор на АД Пошта на Република Северна Македонија, Орхан Куртиши.
Фото МИА