Финансии / Банкарство

МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп со позитивен финансиски резултат во првите девет месеци од годинава

МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп во периодот од Јануари – Септември 2025 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 28,7 милиони денари. Во истиот период 2024 година финансискиот резултат изнесува 13 милиони денари.

Во тековната 2025 во однос на истиот период 2024 година има намалување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци. Вкупните приходи во 2025 година се намалени за 1,2% додека вкупните расходи бележат намалување од 4,2%. Намалувањето кај вкупните приходи најмногу се должи на приходите од заработената премија кои изнесуваат околу 77,1% од вкупните приходи. Бруто-полисираната премија во третиот квартал од 2025 година бележи пад од 4,6 %, односно 82,6 милиони денари, најголем дел како резултат на намалувањето во автоодговорност од околу 62 милиони или 9,3% заради пренасочување на каналите на продажба. Најголем пораст на премијата имаме кај осигурувањата од несреќен случај и тоа околу 32,1% односно 27,5 милиони.

Кај вкупните расходи односно кај бруто настанати штети има зголемување од 4,2% или во апсолутен износ 28,7 милиони денари. Настанатите нето штети бележат намалување од 12% или во апсолутен износ 68,9 милиони денари како резултат на намалување на бруто резерви за штети како и бруто резерви за штети – дел за реосигурување. Ефектот е поради 30 милиони денари нето изложеност од имотна штета ризик – пожар. Дополнително има зголемување кај трошоците вредносно усогласување на побарувањата по премија или во апсолутен износ од 60,4 милиони денари.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано