Финансии / Банкарство
ФЕД ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ, ТОА Е ПОСЛЕДНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА ГОДИНАВА
30.10.2025
Федералните резерви на САД (ФЕД) одлучија да ја намалат клучната каматна стапка за 25 базични поени (0,25 проценти), по втор пат оваа година, по првото намалување во средината на септември. Новата целна стапка за главната референтна стапка е меѓу 3,75 и 4,00 проценти.
Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) гласаше десет наспроти два во корист на ново монетарно олеснување, при што гувернерот на ФЕД, Стивен Миран - кој се залагаше за намалување на стапката за половина процентен поен, и претседателот на Федералните резерви на Канзас, Џеф Шмид, не се согласија - тврдејќи дека каматните стапки треба да се задржат на сегашното ниво.
Во соопштението на ФЕД се задржа описот на состојбата на пазарот на трудот, истакнувајќи дека „новите работни места се забавија, а стапката на невработеност малку се зголеми, но остана ниска до август“. Во него се додава дека „поновите индикатори се во согласност со овие трендови“ и дека „ризиците за вработување се зголемија во текот на изминатите месеци“.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, изјави дека уште едно намалување на каматната стапка во декември не е загарантирано.
Фото Економија и бизнис