Општество

Ниновски: Вештачката интелигенција е најголемата шанса за модерно образование

Вештачката интелигенција претставува најголемата можност за унапредување на образованието во последните децении, вели Петар Ниновски од „Бреинстер“ во интервју за Економија и бизнис. Таа овозможува премин од стандардизирана кон персонализирана и интерактивна настава, каде наставниците добиваат поддршка, а учениците учат во свое темпо. Според него, ВИ нема да ги замени наставниците, туку ќе им помогне да се посветат на инспирација и мотивација. Со Министерството за образование, Бреинстер започнува национална програма „ВИ во училница“, со обуки за наставниците во средните училишта поддржани од експерти од компании како Мајкрософт, Гугл и Тесла. Ниновски нагласува дека познавањето на ВИ ќе стане основна вештина, слично како англискиот јазик или компјутерската писменост пред две децении. Воедно, тој повикува вештачката интелигенција да се користи етички и балансирано – како помошник, а не како замена за човечката креативност и критичко размислување.


Целоти интервју од печатеното издание прочитајте го на следниот ЛИНК

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано