Финансии / Банкарство

ПРЕКИНАТ ПАДОТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО, златните прачки се продаваат во различни големини

Падот на цените на златото беше прекинат за време на денешното тргување, но остана под нивото од 4.100 долари за унца, откако податоците за индексот на потрошувачки цени на САД (CPI) ги поттикнаа очекувањата дека Федералните резерви на САД дополнително ќе ги намалат каматните стапки.

Златото веројатно ќе ја прекине деветнеделната победничка серија по неделниот пад  за повеќе од пет проценти. Ова беше најголемиот пад на вредноста на благородниот метал во последните пет години, бидејќи повторените рекорди предизвикаа голема продажба.

Но, вредноста на златото сè уште е во пораст од околу 55 проценти од почетокот на годината, првенствено поради долготрајните трговски тензии и геополитичките ризици, кои вклучуваат нови санкции на САД врз Русија и очекувања за трговски разговори меѓу Трамп и претседателот на Кина следната недела, објави Политика.

Инвеститорите ги насочија своите вложувања во купување на златните прачки, кои се  најпопуларен и најефикасен избор за долгорочно зачувување на богатството. Во време на инфлација, политичка нестабилност и послаба куповна моќ, златото ја задржува вредноста, независно од движењето на банкарската камата или долгот.

Инвестициското злато е скапоцен метал во својата најчиста форма, наменет првенствено за зачувување и заштита на вредноста на парите. Златни прачки  се продаваат со чистота од најмалку 995/1000. Тие се изработуваат во неколку стандардизирани големини, што им овозможува на инвеститорите со различни буџети да ја пронајдат опцијата што најмногу им одговара. Најчесто достапните големини се: од еден грам, а купувањето претставува  симболична инвестиција или се купува за  подарок.  За малите инвеститори се прифатливи  од  5 г, 10 г и 20 г. Но големината на златната прачка од  1 унца (31,1 г)  претставува  меѓународен стандард.  Златните прачки можат да се најдат и во големина од 50 г и 100 г , додека за сериозните инвеститори најпогодини се оние од 250 г, 500 г и 1 кг.

Помалите прачки имаат повисока цена по грам, бидејќи трошоците за производство и пакување сочинуваат поголем процент од вкупната вредност, пренесува Бизлаив.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО