Финансии / Банкарство

Кои се новите членови во Надзорниот одбор на Развојна банка?

Во соопштение доставено до Македонската берза од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје информираат дека е извршена промена на членовите на Надзорниот одбор на банката.

„Врз основа на Решение на Владата на Република Северна Македонија за изменување на членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија бр.18-7314/1 од 22.07.2025 година, а согласно решенијата на Извршниот одбор на Народна банка на Северна Македонија бр.15 –28726/7, 15 – 28727/6, 15 – 28728/7, 15 – 28729/5 од 10.10.2025 година, за членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за период од 4 (четири години) сметано од 14.10.2025 година се именувани:

- Тања Михајловска Димитриевска,
- Андриана Матлиоска,
- Христина Келеман и
- Александар Горѓиевски“ се вели во соопштението.

Мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор престанува со денот на приемот на Решенијата за издадена претходна согласност во Банката, односно со ден 14.10.2025 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано