Финансии / Банкарство

ПО СИЛНИОТ РАСТ ЗЛАТОТО СО НАЈВИСОК ЕДНОДНЕВЕН ПАД НА ЦЕНАТА!

Вредноста на златото на вчерашното тргување се намали  за повеќе од 5 отсто. Тоа би можело да биде најголемиот еднодневен пад на цената за повеќе од една деценија. Падот на златото донесе и поширока распродажба на металот, бидејќи инвеститорите се откажуваат од рекордите  за време на бранот на купување на златото, објавува Форбс.рс.

Фјучерсите за злато паднаа за 5,2% до вторник попладне на околу 4.130 долари, откако претходно во текот на денот изгубија дури 6,3%. И тоа претставува најголем дневен пад од јуни 2013 година, кога беше забележан истиот процент.

Фјучерсите за сребро и платина, кои пораснаа за 60% и 66% оваа година,  и го надминаа растот на златото (54%), паднаа за 6,7% и 7,2%.

Падот на цените на металите не е изненадување, бидејќи сите тие забележаа силен раст оваа година. Сега, како што објаснува аналитичарката на Standard Chartered Bank, Суки Купер, инвеститорите го земаат профитот по периодот кога металите служеа како безбедни засолништа. Таа проценува дека пазарот поминува низ „техничка корекција“, бидејќи „кругот на инвеститори одеднаш се прошири“.

Барт Мелек, глобален директор за стратегија на пазарите на стоки во TD Securities, нагласува дека неодамнешните низи на раст на златото се историски неодржливи.

Цените на златото имаат тенденција да паѓаат кога американскиот долар зајакнува, бидејќи златото потоа станува поскапо за странските инвеститори. Во вторник индексот на доларот порасна за 0,4%, пренесува Форбс.рс.


 Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО