Финансии / Банкарство

Колку милиграми злато „чинело“ едно евро некогаш, а колку сега!

Еврото изгуби повеќе од 80 отсто од својата вредност мерена во злато од неговото воведување во 1999 година, изјави Бернхард Матес, банкарски менаџер, во интервју за германскиот ФАЗ.

Според него, ова е последица на мерките преземени од централните банки кои спроведуваат екстремно лабава монетарна политика, па парите вредат помалку, а еврото е најизложено.

На 4 јануари 1999 година, за едно евро можеше да се добијат 128 милиграми злато, а денес само 23 милиграми. Сличен пример важи и за доларот, додека швајцарскиот франк изгуби две третини од својата вредност, објавува Фена.

Интересна е и споредбата со некои производи. Во 1906 година, една кригла пиво на Октоберфест чинела 0,38 марки или 0,14 грама злато, а на овогодинешниот фестивал на пивото во Минхен, за пиво морало да се издвојат 11,50 евра, или 0,26 грама злато, што е речиси двојно повеќе од пред 113 години, објави Сеебиз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано