Lifestyle

Кинезите се „навлекоа“ на користење на генеративна вештачка интелигенција

Кина имала 515 милиони корисници на генеративна вештачка интелигенција во јуни 2025 година, што укажува дека бројот на корисници се удвоил во рок од шест месеци, објави Кинескиот информативен центар за интернет.

Бројот на корисници се зголемил за 266 милиони во споредба со декември 2024 година. Mоделите на генеративна вештачка интелигенција произведени во Кина добиле широка популарност меѓу корисниците во Кина, особено во области како што се интелигентно прелистување на интернет, креирање содржини, канцелариска помош и паметни уреди.

Придобивките од вештачката интелигенција се истражуваат во земјоделското и индустриското производство, како и во научните истражувања, пренесува Капитал.ба.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано