Општество

Црвениот крст на Македонија и Жито Лукс со хуманитарна акција „Подарено од срце“ по повод Светскиот ден на лебот – 16 октомври

По повод Светскиот ден на лебот, 16 октомври, Црвениот крст на Македонија, во соработка со Жито Лукс, најголемиот производител на леб и брашно во земјата, ја спроведува хуманитарната акција „Подарено од срце“, со која ќе бидат донирани околу 8.000 лебови за најранливите категории граѓани низ целата држава.

Во текот на оваа недела преку дистрибутивната мрежа на Жито Лукс која ја покрива територијата на целата држава, во 15 регионални  центри на Црвениот крст беа доставени по 500 лебови.

Со оваа заедничка иницијатива, Црвениот крст и Жито Лукс ја потврдуваат својата посветеност кон хуманоста и поддршката на граѓаните кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.

„Во Жито Лукс веруваме дека лебот не е само основна животна намирница, туку симбол на споделување, човечност и заедништво. По повод Светскиот ден на лебот, сакаме да дадеме конкретен придонес во борбата против гладта и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Нашата долгогодишна соработка со Црвениот крст е доказ дека заедно можеме да направиме вистинска промена,“ – велат од Жито Лукс.

Акцијата „Подарено од срце“ е дел од континуираните активности на Жито Лукс за поддршка на ранливите групи во општеството како потсетник дека солидарноста и заедништвото се клучни вредности кога станува збор за грижата за оние на кои им е најпотребна.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано