Финансии / Банкарство
„Наследување на семејниот бизнис“ - ПроКредит Банка и ЕБОР со заеднички настан посветен на генерациската транзиција во семејните компании
16.10.2025г
Како да се пренесе визијата на една компанија од една на следна генерација? ПроКредит Банка заедно со Европската банка за обнова и рaзвој (ЕБОР) го отвора ова важно прашање со настанот посветен на наследување на семејниот бизнис, кој ќе се одржи на 21 октомври во ресторанот „Парк“ во Скопје, од 10:00 до 12:00 часот.
Настанот е наменет за сопственици и менаџери на семејни компании, следни генерации лидери во развој, како и за сите кои се подготвуваат за процесот на наследување во управувањето. Целта е да се поттикне размислувањето за континуирана и стабилна генерациска транзиција на компаниите во моментите кога претходната генерација се подготвува за повлекување од активно управување.
„Нашата цел е да помогнеме на следната генерација лидери да ја преземат одговорноста со сигурност, визија и подготвеност, овозоможувајќи им навремена и непречена генерациска транзиција што ќе ја зајакне и продолжи семејната приказна.“ изјавија од ПроКредит Банка.
Настанот ќе го води експертот Борис Вукиќ, партнер и сениор соработник во Adizes SEE, еден од водечките регионални експерти за развој и советување на семејни компании. Вукиќ ќе сподели практични совети, успешни примери, главни предизвици и решенија, како и модели од регионалната пракса за тоа како компаниите можат успешно да го реализираат генерацискиот премин.
Во вториот дел ќе има и “Fireside chat” каде ќе се придружи Глигор Цветанов, Генералниот и извршен директор на една од најуспешните македонски компании "Макпрогрес“ од Виница, кој ќе го сподели своето лично искуство на оваа тема.
Присутните ќе имаат можност да се запознаат со проверени стратегии за континуитет и развој, со инспиративни искуства од компании кои веќе поминале низ процесот на транзиција, како и да ги прошират своите професионални познанства со претприемачи и менаџери кои се соочуваат со истиот предизвик.
Овој бизнис настан претставува вовед во серија на специјализирани работилници што ПроКредит Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ги реализира во претстојниот период. На самиот настан ќе биде отворена можност за пријавување на претстојните работилници, кои ќе понудат практични алатки и насоки за управување, лидерство и трансфер на одговорноста во рамки на семејните компании.
Сите заинтересирани можат да го пријават нивното присуство на следниот линк. Местата се ограничени.
Бизнис настанот и претстојните работилници се финансиски поддржани од специјалниот фонд на ЕБОР – Small Business Impact Fund (SBIF) – The donors contributing are: Italy, Ireland, Japan, South Korea, Luxembourg, Norway, Sweden, Switzerland, TaiwanBusiness – EBRD Technical Cooperation Fund, the United Kingdom, and the United States of America.