Општество
Одбележување на Светскиот ден на храната
16.10.2025
Под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“ денеска се одбележува Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).
Целта е да се истакне важноста на заедничката акција за создавање поодржливи системи за храна и заштита на природните ресурси.
По повод јубилејот, во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се засадат дрвја како симбол на заедничката заложба за зелена и одржлива иднина. Настанот ќе вклучи фотографска изложба што ја прикажува работата на ФАО во изминатите 80 години, креативни активности за деца и млади, како и можност за учесниците да остават лични пораки за одржлива и подобра иднина, објави МИА.