Lifestyle
Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic: моќ, елеганција и живот без пауза
13.10.2025г
Постојат уреди што ги користиш и уреди што стануваат дел од твојот живот. Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic не се само технологија. Тие се изјава за самодоверба, за прецизност и за стил кој не прави компромис. Замислете телефон што не е само алатка, туку ваш личен асистент, мини канцеларија, уредувач на слики, креативен простор и извор на инспирација, сè во едно. Така изгледа Z Fold7: едноставно се отвора и светот се шири пред вас.
Телефон што работи со вас, не против вас
Во денешниот динамичен ден, успехот значи да имате технологија што го следи вашиот ритам. Galaxy Z Fold7 е создаден токму за тоа телефон што за миг се претвора во таблет, без да ја изгуби елеганцијата. Наутро, кога сте во движење, надворешниот екран ви овозможува да одговорите на пораки и повици додека пиете кафе. Кога ќе дојде време за состанок, само го расклопувате уредот пред вас се отвора 8-инчен Dynamic AMOLED екран што изгледа како мини канцеларија во вашите раце. Документи, презентации, Excel табели сè изгледа професионално и јасно, без потреба од лаптоп.
Во еден ден можете да бидете лидер, креативец, родител и патник и Z Fold7 ќе биде подготвен за секоја од тие улоги.

Креативност што не познава граници
Патувањето или утринското изгрејсонце можат да станат момент за уметност. Со 200MP камерата, Z Fold7 не снима само сцени тој ги претвора во спомени. Боите се живи, контрастот совршен, а уредувањето на фотографиите на големиот екран е вистинско задоволство. А кога идејата треба да се роди токму во движење, тука е Google AI Pro вашиот интелигентен соработник. Резимирајте документ додека патувате, добијте предлог за пост, распоредете го денот или најдете креативно решение за клиент. AI Pro не е само вештачка интелигенција тоа е дигитална верзија на интуиција што ве разбира.
Часовник што го знае вашиот ритам
На вашиот зглоб, Galaxy Watch8 Classic изгледа како детал од haute couture модна линија со ротирачка коронка и чист, елегантен дизајн. Но зад тој изглед се крие исклучителна функционалност: следење на срцевиот ритам, стресот, спиењето и секој ваш чекор. Паметниот AI тренер ги анализира вашите навики и ви дава совети кога да одморите, кога да се движите и кога да се фокусирате. И најважното, сè тоа го прави со финесa, тивко и природно. Со Samsung Pay, повиците и известувањата, Watch8 Classic ви овозможува да го контролирате денот без да посегнете по телефонот. Тој е дел од вас – како навика што изгледа совршено.

Екосистем што размислува за вас
Кога Z Fold7 и Watch8 Classic се поврзани, добивате универзум на можности. Со SmartThings, управувате со целиот свој дом од светлата и телевизорот, до машината за перење или климата. One UI 8 интерфејсот носи едноставност и хармонија, со гарантирани 7 години софтверски надградби за да можете да се фокусирате на раст, а не на рестарт. Во позадина, Samsung Knox ги чува вашите лични и деловни податоци со највисоко ниво на заштита од биометриски податоци до финансиски документи. Ова не е само технологија што функционира. Ова е технологија што ве разбира.
Try Galaxy – искусете го светот пред да го поседувате
Ако сè уште се двоумите, Samsung ви овозможува нешто што ретко кој бренд го нуди – искуство пред купување. Со апликацијата Try Galaxy, можете да ги доживеете AI функциите и интерфејсот на новите уреди директно од вашиот сегашен телефон.
Тоа не е демонстрација тоа е preview на иднината.
Момент за чекор напред
Во време кога успехот не се мери само со резултати, туку и со впечатокот што го оставате,
Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic се повеќе од избор тие се став, потпис и стил на живеење. Тие не зборуваат гласно, но кажуваат сè: дека знаете што сакате, знаете како да го постигнете и изгледате беспрекорно додека го правите тоа.

Подарок со емоција
И токму кога ќе помислиш дека совршенството е недостижно, Samsung додава емоција.
Преку промоцијата „Кого ќе израдуваш?“, можеш да подадеш насмевка што трае подолго од секој подарок. Од 2 до 31 октомври 2025, купи еден од најновите модели: Galaxy Z Fold7, Z Flip7, Z Flip7 FE, S25 Ultra, S25/S25+ или S25 Edge и добиј подарок Galaxy S25 FE, телефон вреден 44.999 МКД. Регистрирај го купувањето на samsung.com најдоцна до 17 ноември, а подарокот ќе пристигне директно на твојата адреса. Задржи еден Galaxy за себе, а другиот подари го на личноста која ти значи затоа што најубавите подароци се токму оние што не ги планираме.
Galaxy Z Fold7 + Galaxy Watch8 - Моќ што инспирира. Стил што трае. Технологија што работи со тебе.