Општество
Доделување на државната награда „11 Октомври“
11.10.2025г
Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе им се врачи на: Теута Ајдини Легени, актерка; проф.Летка Димовска, хорски диригент; Иво Јанкоски, продуцент, промотор на македонската уметност; додека во областа на науката и образованието- на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и академик Глигор Јовановски, хемичар.