Финансии / Банкарство

Србија должи уште милијарда евра од кредитите од СФРЈ!

На Србија ќе и требаат  уште 16 години за да ги отплати кредитите од времето на Јосип Броз Тито, како наследени долгови од  Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Според официјалните податоци од Народната банка на Србија (НБС) и  состојбата на 30 септември 2025 година, од времето на поранешна СФРЈ, Србија мора да врати уште 815,86 милиони евра на странски кредитори.

Јавниот долг што Србија го наследи од СФРЈ изнесуваше околу 8,82 милијарди евра, од кои долгот кон Парискиот клуб на кредитори изнесуваше 4,19 милијарди евра, кон Лондонскиот клуб на кредитори 2,58 милијарди, Светската банка (МБРД) 1,81 милијарди и Европската Унија 223 милиони евра.

Официјалните податоци од НБС велат дека во однос на обврските од периодот на СФРЈ, Србија најмногу должи на Светската банка, а вредноста на невратениот кредит изнесува 343,28 милиони евра и тоа се репрограмирани заеми. Следни се обврските кон Парискиот клуб од 290,35 милиони евра, додека на Кувајт должи уште 144,15 милиони евра.

Долгот кон Светската банка ќе биде затворен  за шест години, или во 2031 година, а на Кувајт за три години повеќе иливо 2034 година. Долгот кон Парискиот клуб треба да биде исплатен до 2041 година, пренесува Дневник.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано