Општество

30 години УНДП – силен партнер во развојот на Северна Македонија

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) одбележува 30 години работа во Северна Македонија. Во интервју за Економија и бизнис, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, истакна дека организацијата во изминатите три децении придонела за напредок во бројни области – заштита на животната средина, економско зајакнување, социјална инклузија, демократија и дигитална трансформација.
УНДП досега имплементирала проекти во вредност од над 230 милиони долари со поддршка од Европската Унија и други донатори. Во моментов, фокусот е на спроведување на Националната развојна стратегија 2024–2044 и на зелени иницијативи како Зелениот финансиски инструмент и програмата ЕУ за Преспа.
„Во изминативе 30 години, заедно со партнерите помогнавме да се изградат поотпорни институции и подобри услови за живот на граѓаните“, нагласи Григорјан.


Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано