Lifestyle
ОСТАНУВА УШТЕ МАЛКУ ВРЕМЕ ДО ЗАТВОРАЊЕТО НА ПРИЈАВИТЕ
06.10.2025г
Се гледаме на стартот: Подгорица ве поканува на NLB Millennium Run на 9 ноември!
Останува уште малку време до затворањето на пријавите за NLB Podgorica Millennium Run, маратонски спектакл кој од 7 до 9 ноември ќе го претвори главниот град на Црна Гора во спортски епицентар на регионот. И оваа година, во организација на Multisport академијата Mayer, нè очекува вистинско спортско доживување кое ќе ги собере и професионалците и рекреативците од повеќе од 40 земји во светот.
Затоа не ја пропуштајте шансата да си обезбедите стартен број и да се испробате на патеките кои комбинираат одлична логистика, рамна траса и препознатлива атмосфера.
Програмата започнува на 7 ноември со преземање на стартните пакети и придружни активности во центарот на случувањата. Во сабота, 8 ноември, патеката е резервирана за најмладите. Бесплатната „Детска трка“ на дистанци прилагодени за возраста (200–800 м) ги воведува децата во светот на трчањето. Главниот натпреварувачки ден, 9 ноември, носи трки на 5 км, 10 км, полумаратон (21,1 км) и маратон (42,2 км). Присутни се и две специјални изданија на 5 км: трката на пожарникарите, силна по својата порака за солидарност и заедништво, како и јуниорската трка – новитет на годинешниот настан, наменета за младите натпреварувачи до 18 години, подготвени за првиот посериозен предизвик.
Сите патеки се прегледни, со јасна сигнализација и поддршка од волонтерите, погодни како за лични рекорди, така и за оние кои првпат ќе се испробаат на подолги дистанци.
Во пресрет на затворањето на пријавите, организаторите порачуваат дека NLB Podgorica Millennium Run е повеќе од спортски настан. Тоа е средба на тркачката заедница, повод за викенд-патување и можност да се доживее Подгорица во најдобар ритам.
„Петтото издание на трката, која стана симбол на Подгорица и на Црна Гора, е во знак на истрајност, поврзување и позитивна енергија. Подгорица станува дестинација која го обединува светот, а трчањето е универзален јазик што нè спојува. Ги поканувам тркачите од регионот да нѝ се придружат и да бидат дел од атмосфера што се памети. Се гледаме и оваа година на стартот“, порача Игор Мајер, организатор на трката и основач на Multisport академијата Mayer.
Главниот град на Црна Гора ве чека со отворено срце. Затоа пријавете се, дојдете со екипата, понесете добра енергија и да трчаме заедно за спомени кои ќе се прераскажуваат низ целиот регион.
Регистрациите се отворени до 1 ноември на официјалната страница www.podgorica.run/registracija
Генерален спонзор на трката во наредните три години е NLB Банка, додека генерален покровител е главниот град Подгорица, кој континуирано го препознава значењето на оваа манифестација за промоција на спортските и туристичките потенцијали на Црна Гора.
Медиумски партнери се: RTCG, Vijesti, CdM, RTV Podgorica, Pobjeda, Antena M, Portal Analitika, Volim PG, Share Montenegro, Roditelji.me, NovaM TV, Metropolis билборди и DRS.
Сите детали за правилата на учество, котизациите, распоредот и наградниот фонд се достапни на ВЕБ-СТРАНИЦАТА.