Финансии / Банкарство
Нина Недановска назначена за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка во Словенија
01.10.2025г
Заменик-претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Нина Неданоска, започна своето ново професионално поглавје во меѓународната групација. Таа е назначена за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка во Словенија.
„Ова назначување не е само лично признание за нејзината долгогодишна посветеност, експертиза и визија, туку и силна потврда за кредибилитетот на нашата институција. Преку своето искуство во водечки меѓународни банки, Нина покажува што значи лидерство во време на промени – градење стабилност, насоченост кон иновација и трансформација на банкарството во корист на клиентите. Нејзината улога на новата позиција е од исклучителна важност за унапредување на соработката меѓу институциите во групацијата и отвора нови перспективи за развој, стабилност и уште посилен имиџ на Шпаркасе Банка АД Скопје на меѓународно ниво. Горди сме што имаме лидер кој со својот интегритет, труд и визија ја позиционира нашата банка како пример за професионализам и иновација.“, велат од банката.