Вредноста на акциите во сопственост на американските домаќинства достигна историски рекорд, но зголемената зависност од берзата отвора прашања за ранливоста на личните финансии во случај на ненадеен пад на пазарот.
Според податоците од Федералните резерви, директните и индиректните инвестиции во акции - вклучувајќи ги взаемните фондови и пензиските планови, учествуваат со дури 45% од вкупните финансиски средства на американските домаќинства во вториот квартал. Оваа вредност е највисока досега, додека најбогатите 10% од граѓаните (со годишни приходи над 353.000 долари) учествуваа со речиси половина од потрошувачката на САД во вториот квартал, што претставува рекорд од 1989 година.
Иако рекордните цени на акциите го зголемуваат богатството на граѓаните и им овозможуваат на поширок круг луѓе да профитираат од растот на американските корпорации, експертите предупредуваат дека ова значи и поголема изложеност на потенцијален пад на пазарот.
Берзата во САД постигнува раст поради еуфоријата од вештачката интелигенција и доминацијата на технолошките гиганти, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис