Финансии / Банкарство

Национална банка на Швајцарија ја задржа главната каматна стапка на нула

Швајцарската национална банка (СНБ) ја задржа својата референтна каматна стапка на нула, предупредувајќи дека царините на американскиот претседател Доналд Трамп ги намалија изгледите за швајцарската економија во 2026 година.

Одлуката на швајцарската банка да се задржи стапката на 0,0 проценти беше широко очекувана на пазарите и во анкетата на Ројтерс. Ова беше првото задржување на исто ниво на каматата по седум последователни намалувања  од март 2024 година.

Изгледите за раст на економијата на Швајцарија  се влошија поради американските царини. Најизложени на повисоките американски царини се компаниите во машинската и индустрија за часовници, додека влијанието врз другите сектори, особено кај услугите,  е ограничено.

Од националната банка на Швајцарија очекуваат економски раст од нешто под 1,0 проценти за 2026 година, што е помалку од претходната прогноза од 1-1,5 проценти. Прогнозите се однесуваат и на зголемување на невработеноста, пренесува Бизнис.рс.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано