Општество
Водата во Скопје е безбедна за пиење
11.08.2025г
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според анализите на Секторот за санитарна контрола, спроведени од 04.08.2025 до 08.08.2025 на 215 примероци за физичко-хемиска и 215 примероци за микробиолошка анализа од 47 мерни места во Скопје, водата одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет.