Општество

КОЛКУ ГРАЃАНИТЕ ГИ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА Е-ВЛАДА?

Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, ќе не постави на мапата на цел Балкан, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во вечерашното гостување во „Вести плус“ на Телевизија Канал 5.

Андоновски нагласи дека после долги години, во државата има сеопфатен системски пристап кон дигитализацијата и дека прв пат по долги години ги поставиле темелите на процесот на дигитализација, а тоа го потврдува и зголемувањето за над шест пати на бројот на корисници на порталот за е-услуги на Владата.

-Мислам дека првпат по долги години, можеби после повеќе од десеттина години, ние имаме сеопфатен системски пристап кон дигитализација којшто не значи проектче за дигитализација во некоја институција или мал проект во некоја општина, туку е системски пристап кој што дава резултати. Често ја кажувам бројка која што е можеби највпечатлива, ако сме имале 1000 трансакции на порталот за услуги до моето доаѓање во Министерството, сега денеска имаме 6.600 трансакции месечно, што е зголемување за повеќе од шест пати на бројот на трансакции. Граѓаните го препознаваат порталот, што значи дека граѓаните едвај чекаат државата да се дигитализира. Покажаа приватниот сектор во целиот изминат период дека е предводник на овој процес, сега конечно државата се приклучува и во некои работи исчекоруваме напред. Треба уште работа. Не велам дека сме завршиле, но мислам дека темелите ги поставивме на процесот на дигитализација и сега полека-полека градиме и ќе имаме доста успеси во наредниот период, рече тој.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано