Општество
МЗ: Во болницата во Тетово ќе бидат вработени 155 лица
21.07.2025
Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус.
Постапката додаде тој е завршена за 155 лица од Клиничката болница во Тетово.
Во однос на зголемувањето на бројот на вработените во Итната помош и набавката на амбулантни возила, министерот посочи дека двата процеси се активни. Покрај Скопје, амбуланти возила ќе добијат и останатите центри во државата. Министерството побарало информации од надлежните за недостигот на кадар и на амбулантни возила од центрите.
- При крај се вработувањата во таа служба, исто така размислуваме за амбулантни возила коишто најверојатно, ќе бидат купени не само за Скопје туку за сите градови. Во моментот бараме по електронски пат да одговорат од сите центри колкав е недостигот и на возила и на човечки ресурси. Понатаму ќе продолжиме со постапките. Знаете дека постапката во Скопје веќе е при крај и очекуваме најверојатно за максимум десет дена да биде завршена, рече министерот Азир Алиу.
Извор/фото МИА