Lifestyle

СКОПЈЕ ДОБИ НОВО ЛЕТНО КИНО: „ROOFTOP OPEN AIR CINEMA“ НА ПОКРИВОТ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото Rooftop Open Air Cinema, со проекција на блокбастерот „Интерстелар“ на култниот режисер Кристофер Нолан.

Со ова официјално започна првата летна сезона на ова уникатно кино под ѕвездено небо, кое ќе понуди фантастичен избор на филмска програма од 2 јули до 5 септември.

Проекциите ќе се одржуваат три пати неделно – секоја среда, петок и сабота, со почеток во 21 часот, а на програмата ќе се најдат холивудски хитови и македонски култни филмови. Веќе се најавени следните проекции: „Барби“ и „Топ Ган: Маверик“, а организаторите најавуваат динамичен репертоар со многу изненадувања.