Lifestyle
Родено 100. по ред бебе во Општа болница – Кавадарци, во 2023 година, 100. бебе било родено на 27 септември
01.07.2025
Родено 100. по ред бебе во Општа болница - Кавадарци за оваа година, информираа попладнево од кавадаречката јавна здравствена установа.
- Бележиме континуиран раст и напредок. Со особена радост и гордост ја информираме јавноста дека денеска на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница - Кавадарци се роди 100. бебе за оваа календарска година. Овој значаен момент претставува уште еден показател за континуираниот развој и зголемената доверба што пациентите ја имаат во нашата установа, соопштија од Болницата со проширена дејност.
Оттаму споделија и споредбена статистика. Во 2023 година, 100. бебе било родено на 27 септември, а во 2024 година, на 21 септември. Тоа, според нив, укажува на значаен пораст на бројот на породувања.
- Овие бројки говорат за сè поголемата доверба што жителите на Кавадарци и поширокиот регион ја имаат во нашиот стручeн тим и современите услови што ги нудиме. Одделението за гинекологија и акушерство е во постојан напредок - со подобрени болнички услови, нова медицинска опрема и постојани едукации на кадарот. Секоја нова рожба е причина за радост, а 100. бебе за 2025 година е симбол на континуитетот, квалитетот и зголемената грижа што им ја нудиме на мајките и новороденчињата, соопштија од Болницата, пренесува МИА.
Фото: Фејсбук на Болница - Кавадарци