Lifestyle

АСТЕРОИДОТ 2024 YR4 ПОЗНАТ КАКО „УБИЕЦ НА ГРАДОВИ“ БИ МОЖЕЛ ДА ЈА ПОГОДИ МЕСЕЧИНАТА! КАКВИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ЗА ЗЕМЈАТА?

11.06.2025

Астероидот 2024 YR4, кој до неодамна ја носеше титулата на небесно тело со најголем ризик од удар на Земјата, е повторно во центарот на вниманието - овој пат поради мало зголемување на веројатноста дека би можел да ја погоди Месечината во 2032 година.

Во моментов ова небесно тело е премногу далеку за да се набљудува од Земјата, а астероидот накратко се појави на телескопот Џејмс Веб (JWST) во мај. Тим научници предводен од Енди Ривкин од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џонс Хопкинс користеше податоци од инфрацрвената камера на телескопот за подобро да ја одреди траекторијата на астероидот со поголема точност до 20 отсто. Таа нова пресметка ја зголеми веројатноста YR4 на 22 декември 2032 година 2024 година да ја погоди Месечината од 3,8 отсто на 4,3 отсто , соопшти НАСА во своето најново соопштение.

Aстрономот Паван Кумар, поранешен истражувач во Индискиот институт за астрофизика во Бангалор, се согласува дека жителите на Земјата немаат за што да се грижат. Тој наведува дека евентуалниот судир со Месечината не би бил проблем бидејќи „сите можни делови што би се одвоиле и би завршиле близу до Земјата би изгореле во нејзината атмосфера“, објави Еуроњуз.


 

фото Еуроњуз 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано