Lifestyle

Која е идеална температура за подесување на климатизерот во летниот период?

09.06.2025

Во летниот период многу  корисници мислат дека подесувањето на климатизерот на температуррата од  26 степени Целзиусови е идеална за климатизација на затворениот простор. Сепак, според искусните мајстори оваа температура не е најдобриот избор. Последиците на долг рок се дека одржувањето на оваа температура може да му наштети не само на уредот, туку и на нашиот паричник и здравје.

Со одбирањето на оваа опција клима уредот работи подолго пред да ја достигне оваа температура, па затоа може да троши повеќе отколку на понизок степен. Пoвисоката температура може да ја зголеми влажноста во просторијата, што е поволно за бактерии и мувла - што може да доведе до респираторни проблеми. Ефикасноста на ладењето исто така може да се намали.

Според експертите, од 24 до 25 степени е најдобриот избор на темепратура.  Ова е опсегот каде што: клима уредот ефикасно и брзо ја лади просторијата, сметката за струја не се зголемува, а нашето здравје не е загрозено од претерано ладен или влажен воздух. Покрај тоа, според статистиката, дури и 1 степен пониска температура може да значи заштеда на енергија од 5-10%, што може да биде значителна разлика кај уред кој работи цело лето, пренесува Блиц.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано