Lifestyle
ЏЕКПОТ ЕУФОРИЈА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: највисоката награда достигна историски рекорд
07.06.2025
Висината на најголемата награда на лотарија во историјата на Велика Британија достигна над 200 милиони фунти откако извлекувањето на „Еуромилионс“ во петокот не успеа да даде добитник.
Џекпотот се зголеми на околу 208 милиони фунти откако претходното извлекување со рекордна награда од 199 милиони фунти не успеа да даде добитник, објави „Скај њуз“.
- Сега сме на работ потенцијално да го имаме најголемиот добитник на Националната лотарија што оваа земја некогаш го видела, рече службеникот на лотаријата Енди Картер.
Претходната најголема награда од 195 милиони фунти ја освои анонимен добитник во Велика Британија на 19 јули 2022 година.
Два месеци претходно, брачниот пар од Глостер, Џо и Џес Твејт, освоија 184,26 милиони фунти во друга наградна игра.
Во февруари минатата година, Ричард и Деби Натал освоија 61 милион фунти.
Во јануари годинава најголемата награда од 83 милиони фунти, му припадна на добитник од Велика Британија, пренесува Дневник.
фото freepic